fbpx

ММФ: Јавниот долг во Македонија ќе изнесува повеќе од 50 отсто од БДП во 2017 година

-

Јавниот долг на Македонија постојано се зголемува и ќе изнесува повеќе од 50 проценти од домашниот бруто-производ (БДП) во 2017 година, предвидува Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во својот последен извештај, кој е објавен вчера, јави „Нова ТВ“.

Jавниот долг претставува збир од долгот на централната влада со дологовите на јавните претпријатија и на фирмите кои се во целосна или во доминантна сопственост на државата. Овој долг од 2008 до 2014 година, се зголемил од 1,55 на речиси 4 милијарди евра, односно од 23 на 46,6 проценти од БДП.

„Со јавен долг кој постојано ќе се зголемува, преку 50 отсо од домашниот бруто-производ (БДП) до 2017 година, фискалната политика треба да цели кон намалување на дефицитот под 2,6 отсто од БДП до 2016 година“, стои во извештајот на ММФ.

Во годинешниот буџет, дефицитот е проектиран на 3,5 отсто од БДП.

Во извештајот ММФ нотира дека процесот за интегрирање во Европска Унија е во ќор-сокак. Фондот се повикува на минатогодишниот извештај на Европската комсиија, која беше загрижена поради зголемената политизација на државните институции, независноста на судството и поради владината контрола на медиумите, вклучувајќи го сето ова во контекст на изборите.

„Политичкиот дијалог е блокиран откако главната опозциска партија одби да влезе во Собранието и проблемот со името со Грција сѐ уште не е решен“, стои во извештајот на ММФ.

Според ММФ, економскиот пораст се зголемува, поддржан од силниот извоз и од домашната побарувачка, а економската активност била забрзана во второто тромесечие од 2014 година и тоа резултирало со пораст од речиси 4 проценти во првиот дел од минатата година.

Понатаму, фондот анализира дека пазарот на работната сила продолжува да се подобрува, меѓутоа побавно од 2013 година.

„Стапката на невработенист е намалена на 28,2 процнети во првата половина од 2014 година од 29 проценти, колку што имаше лани и од 31 процент во 2012 година“, констатира ММФ.

ММФ сугерира дека работните места и економскиот пораст треба да останат врвен прироритет на политичката агенда и треба да се вложат напори за да се олабават клучните пречки за домашните фирми.

„Дел од приоритетите треба да бидат правилната имплементацијата и следењето на последните иницијативи за применување на платежната дисциплина при договорите и во јавниот и во приватниот сектор, а треба да се надгради и професионалниот статус на инспекциите, да се разјаснат нивните мандати и да се подобри нивната работа“, стои во извештајот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...