fbpx

ММФ ја поздрави пензиската реформа и препорачува зголемување на продуктивноста

-

Премиерот Зоран Заев денеска оствари средба со шефицата на Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд во Македонија, Џесмин Рахман која што предводеше делегација на ММФ како дел од редовните годишни консултации што ММФ ги реализира.

„Оценките на ММФ во однос на економските перформанси на земјата се дека фискалната политика се движи во добар правец, обезбедена е макроекономска стабилност со добри перспективи во иднина и ја оценија пензиската реформа како добра за стабилизација на пензискиот систем. Она што и е потребно на земјата, според препораките на ММФ, како најголем приоритет е зголемување на продуктивноста, преку обезбедување на ефикасни институции и развој на нови вештини и знаења“, се вели во соопштението на Влада.

Премиерот Зоран Заев изјавил дека државата почнала процес на постепена фискална консолидација преку намалување на буџетскиот дефицит кој оваа година е проектиран на ниво од 2,5 проценти.

„ Особено ме радува фактот што ММФ констатира стабилизација на економски план. Приходите од наплата на даноците растат и тоа покажува дека економијата е раздвижена и приватниот сектор бележи добри резултати во работењето. Сите овие позитивни аспекти охрабруваат и очекуваме следната година да биде година на економијата“, порача Заев.

Тој додаде дека преку значајни вложувања во тренинзи, обуки и програми за дуално образование за чие спроведување ќе помогнат и двајца советници од Сојузна Република Германија ќе се работи на зголемување на продуктивноста.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...