fbpx

ММФ: Банкарскиот систем засега ви е ликвиден и стабилен

-

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) го објави Извештајот за Македонија, подготвен при носењето на одлуката за финансиска поддршка преку Инструментот за брзо финансирање. Како што информира Народната банка на Македонија, во извештајот е констатирано дека, пред да започне пандемијата на ковид-19, основите на македонската економија се оценети како здрави.

„Според ММФ, тоа е видливо преку солидниот и дисперзиран економски раст, одржливата надворешна позиција, како и висококапитализираниот и ликвиден банкарски систем, со ниско учество на нефункционалното во вкупното кредитно портфолио. Фокусот е ставен и на очекуваните ефекти од актуелниот шок од неекономски карактер, при што досега преземените мерки и активности за поддршка на економијата, се оценуваат како соодветни“, соопшти НБРМ.

Во однос на монетарната политика, констатирано е дека засега треба да остане релаксирана, при што, Народната банка треба да го задржи својот фокус на понатамошно одржување на стабилноста на девизниот курс. Мерките поврзани со банкарскиот систем се оценети како прудентни, оставајќи простор за реструктуирање на кредитите на најпогодените сектори, со засилено следење на перформансите.

„Зачувувањето на финансиската стабилност останува приоритет“, нагласено е во Извештајот. Од ММФ посочуваат и дека во текот на изминатите години е зајакната ликвидноста на банкарскиот систем, што се потврдува и преку адекватноста на капиталот на крајот на минатата година, којашто изнесува 16,3 отсто. Остварувањата и перформансите, како што е наведено во Извештајот, сега оставаат доволен простор банкарскиот систем да ги апсорбира евентуални загуби поради корона-кризата, без да се загрози неговата стабилност.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да го остварат 2.147 гласачи. Сите гласачки места во казнено поправните установи се отворени утрово во 7...