„Овде е добро“ е серија од музички настани и видеа на социјални мрежи посветени на независната музичката сцена и на активната младина. Тоа е иницијатива која има намера да поттикне размислување и дискусија помеѓу младите, за нивниот ангажман во социјалниот, културниот, економскиот, но и политички живот на земјава.
„Првиот настан ќе се случи во сабота на 7 март во МКЦ на „Artan Lili“ од Белград, кои ќе бидат специјални гости и ќе отсвират целовечерен концерт. Ќе ги слушаме и скопските „Pluto’s Doubts“, Мухамед Ибрахими, виртуоз на гитара, шаркија и мандолина, „MvrSvr“ и „Blackstate“, соло проектот на Филип (Фиц) Тасевски од „Новиот почеток“, вели Лаика Попова од „Сонична младина“ кои го организираат настанот.
„Овде е добро“ ќе продолжи со настаните низ неколку градови во Македонија, а помеѓу најавените на овој „патувачки“ електронски фестивал се „BarumBarum“ во живо, диџејот Горан Кан, Мирко Попов, битолскиот диџеј „Berryqyat“, Нино Флодер, Митрик заедно со својата „Room 313“ и Зоран Веселинов.
Во рамки на „Овде е добро“ ќе бидат прикажани и видеата што претставуваат млади луѓе кои со својот личен пример и дела придонесуваат овде да е навистина добро.
Влезниците, по цена од 100 денари, може да се набават на билетарницата на Младинскиот културен центар или онлајн.