„Младите можат“ успешно го одбележаа првиот Social Day во земјава

Фотографија: Здружение на граѓани Младите Можат

Во организација на здружението на граѓани „Младите можат“, вчера за прв пат во земјава се одбележа Social Day.

Имено, станува зрбор за проект поттикнат од концептуалната замисла на остантите европски земји кои секоја година го одбележуваат овој ден нарекувајќи го и Solidarity Action Day. Вообичаено истиот се одвива во октомври, а оваа година тој за прв пат беше дел од проектната агенда и на младите во Македонија во ноември, откако претходно беше најавен минатата година, но се одложи поради ситуацијата со пандемијата.

„Активно граѓанство, солидарност, волонтирање, кариерен развој, општествена одговорност, младински фонд, поддршка, соработка, одржливост. Уникатен концепт, добро познат на глобално ниво, моќна алатка за солидарност и општествена одговорност, кој на 10 ноември 2021г. за прв пат ги обедини младите и возрасните во нашата земја“, соопштуваат од здружението „Младите можат“.

Вчерашниот ден беше проследен со активности во кои 80 средношколци донирајќи еден ден отсуство од училишните клупи имаа можност на кратко да се запознаат со работна позиција која посакуваат да ја работат во иднина на вистинско работно место. Во проектот учествуваа 30 општествено одговорни домашни компании кои овозможија неколку работници споредно по компанија да ги отстапат своите работни позиции за еден ден и да го донираат своето време, знаење и дневница кон фондот за млади.

Дел од компаниите што земаа активно учество во проектот се: Центар за Младински Активизам Крик, Ултра, Фондација Фридрих Еберт, кафуле СКУП, Македонски центар за меѓународна соработка, Кодит Солушн, Приватна агенција ДЕКРА, ИТ Лабс, Фондација Конрад Аденауер, козметичко студио Тропик Белеца, ЛЕАД Скопје, Бизнис академија Смилевски, ЕУРОНИКЛ – Кавадарци, ПЗУ Аптека ДНА АННИ ФАРМ, Национален Младински Совет на Македонија, РЕСОРТ МАВРОВО, Ултранет, кафуле Микел, Тинекс маркети и Рудник Бучим Радовиш.

Бизнис Академијата Смилевски се приклучи кон овој социјален и општествено одговорен настан заедно со Наташа Коцевска која е вработена во академијата како деловен секретар и која вчера беше ментор на учениците.

Менторката Наташа заедничката работа во изјава за Мета ја оцени како беспрекорна, истакнувајќи дека заедно ги завршуваат денес зададените обврски. Таа сподели дека и двајцата учесници ја посетуваат праксата за дадените позиции од нивното запишување на академијата, па ова е одлична можност за нив да се приклучат кон еден ваков проект.

Фотографија: Здружение на граѓани Младите Можат

Во БАС, тимот на Мета се сретна и со координаторот на проектот Дијана Мицевска која откри нешто повеќе за начинот на кој се спроведува проектот од нејзина страна како одговорна за успешно функционирање на проектот

„Идејата од овој проект од една страна е младите да добијат искуство, кариерно насочување и job shadowing (пракса со менторство), а од друга страна заедно со останатите учесници поделени во тимови да работат на проектни идеи кои што ќе бидат финансирани од самиот младински фонд кој што тие ќе го креираат“, вели Дијана.

„Во моментов се наоѓаме во Бизнис Академијата Смилевски каде што имаме две работни позиции, едната е менаџер за развој а другата е раководител за стручни и административни служби“, објаснува таа.

Еден од учесниците е Теодор Ристовски кој ни откри дека за проектот дознал преку промоција што ја пронашол на социјалните мрежи. Тој вчера ја работеше позицијата на менаџер за развој.

Проектот „Social day“ е имплементиран од Здружение на граѓани Младите Можат, a e поддржан од германската фондација Schuler Helfen Leben.