Младите фудбалери на скопскиот фудбалски клуб Водно, на 10 и 13 годишна возраст освоија прво место во своите категории на престижниот „Овиедо куп“ во Шпанија.
Како што вели нивниот тренер Саше Божиноски, ова е фантастичен успех на младите (генерации 2013 и 2015), кои јасно покажаа и докажаа дека и во Македонија имаме суперталенти, кои чекаат да дојдат на големата сцена.
Според информациите од ФК Водно, турнирот се играл во многу силна конкуренција, а младите фудбалери одиграле одлично низ целиот турнир и на крајот славеле двоен триумф, и за генерацијата 2013, и за 2015.
