Младинско кино на ЕУ: Бесплатни филмови за време на зелената недела на ЕУ

Серијата GREEN FILMS@AUSTRIA ќе биде претставена како стриминг понуда на сопствената платформа на компанијата www.euyc.green и во кината Cineplexx во 21 европски град

Извор на фотографија: Чептер 4

Проектот Младинско кино на ЕУ: Зелен договор, финансиран од Европската Унија, уште еднаш се обврза на одржлива Европа и ги претставува релевантните цели на европскиот Зелен договор во филмски контекст. Со новиот фокус – GREEN FILMS @AUSTRIA кој почна за време на Зелената недела на ЕУ, овој годишен настан е можност да се презентираат актуелните случувања во однос на политиката за животна средина на ЕУ. На предлог на претседателката на Комисијата на ЕУ, Урсула фон дер Лајен, 2023 година е прогласена за Европска година на вештини.

Во рамки на овогодишниот фокус, селектирани се осум филмови: AUSTRIA2AUSTRALIA (во режија на Андреас Бучиуман и Доминик Бохис), EATING DIFFERENTLY– THE EXPERIMENT (во режија на Андреа Ернст и КуртЛангбајн) GENERATION CHANGE – WHO SAVES THE WORLD? (во режија на Ванеса Бучер), MATTER OUT OF PLACE (во режија на Николаус Гирхалтер), THE GREEN LIE (во режија на Вернер Буте), SAVE THE VILLAGE (во режија на Тереза Дистелбергер), WELCOME TO SODOM (во режија на Кристијан Кронс, Флоријан Вајгенсамер) и WOOD–GAME-CHANGERS UNDERCOVER (во режија на Моника Лазуреан – Горган, Михаела Кирст и Еба Синзингер).

Два австриски филма од актуелната програма EUYC, GENERATION CHANGE – WHO SAVES THE WORLD? и ANDERS ESSEN – THE EXPERIMENT ќе бидат достапни бесплатно за сите заинтересирани ширум светот од 3 до 11 јуни 2023 година. Кон филмовите со германски, англиски, словенечки, романски, хрватски и македонски превод може да се пристапи директно без регистрација преку стриминг платформата www.euyc.green.

Како дел од маркетинг кампањата, проектниот тим има произведени 10.000 засадливи карти што се пријателски настроени кон пчелите, кои ќе бидат распределени кон училиштата кои учествуваат кон правењето повеќе зелена и повеќе одржлива Европа.

Во програмата Младинското кино на ЕУ: Зелен договор во моментов учествуваат околу 60.000 училишни деца, 950 наставници и повеќе од 250 училишта во околу 150 градови и населени места во Австрија, Хрватска, Македонија, Словенија и Романија. Благодарение на поддршката од партнерите, целата програма се нуди бесплатно.

Серијата GREEN FILMS@AUSTRIA ќе биде претставена како стриминг понуда на сопствената платформа на компанијата www.euyc.green и во кината Cineplexx во 21 европски град.

Филмовите AUSTRIA2AUSTRALIA,GENERATION CHANGE – WHO SAVES THE WORLD и PLASTIC PLANET ќе бидат претставени во наредниот период во киното Cineplexx во Скопје. GREEN FILMS @AUSTRIA ќе биде претставен од 3.06.2023 до 29.02.2024 година. Училиштата кои сакаат да ги искористат предностите на понудата за кино и стриминг бесплатно, треба да бидат регистрирани од наставниот кадар на www.youth-cinema.eu/mk.

Младинското кино на ЕУ: Зелен договор, иницирано од Асоцијацијата на филмскиот фестивал LET’S CEE, се спроведува со помош на координаторите на земјите ЕПЕКА (Словенија) и Гоу Грин (Македонија). Агендата за односи со јавност низ овие земји е менаџирана од агенцијата Чептер 4. Овој проект, кој е ориентиран кон иднината, е поддржан од други силни партнери во областа на дистрибуција на филмови и едукација на публиката, како што се регионалните центри EUROPE DIRECT и Австрискиот филмски институт (ÖFI).