Над 1600 деца и млади танчери од 12 држави во сабота ќе настапат на сцената на Националната опера и балет на седмото издание на Интернационалниот танцов натпревар “Стејџ 2025”. Тие, од 9 до 22 часот, ќе танцуваат класичен и современ балет, џез, модерн, акробатски и шоу танц…
„Преку танцот, децата од целиот свет учат да ја разберат и почитуваат културата, да создаваат пријателства и да ја негуваат љубовта кон сцената. Со секое издание, СТЕЈЏ станува мост што ги поврзува младите генерации преку уметноста, промовирајќи ја Македонија како земја на култура, талент и инспирација,“ вели Тамара Ѓурчиновска, организатор и уметнички директор на натпреварот.
