Млади македонски бендови викендов настапија на третото издание на Андерфест

Фото: Андерфест

Оваа година по трет пат се одржа музичкиот фестивал Андерфест во Скопје. Како и минатите успешни изданија, така и овој пат фестивалот покажа дека во нашата држава има квалитетна македонска музика. На настанот настапија неколку македонски бендови предводени од млади музичари, а фестивалот се одржа според протоколите и тоа со 30 отсто присутност на публика и задолжителен сертификат за вакцинација, информираат организаторите на Андерфест.

Фестивалот започна со Девојките или The Chicks, кои со својата позитивна енергија уште на самиот почеток ја освоија публиката. Стајлинг, шарм, убавина и елеганција како да фалеше на сцената, која тие со нивниот настап ја пополнија.

После нив беа младите и симпатични Fiction, кои публиката одлично ги препозна, потпевнувајќи ги нивните песни и хитови. Кога бендот ја најави последната песна, како да се знаеше дека дојде време за изведба на песната Техно.

Трети по ред беа искусните и добро етаблирани Милко, кои со својот мелодичен инди-поп звук докажаа дека нивната децениска напорна работа и творештво се веќе созреани и одлично се вклопуваат во ова модерно време во кое живееме.

Фестивалската вечер ја затворија Decoy, кои изведоа трибут на групата Paramore. Младите и талентирани членови на бендот беа многу блиску до нивните оригинални настапи. Кога го најавија крајот, и се симнаа од сцената, публиката започна без престан да бара да исвират барем уште песна. Поведени од нивните желби се вратија на бис и ја изведоа The Only Exception, а публиката…. искрено, немаше човек кој не ги покажа своите емоции и непееше заедно со нив, раскажуваат организаторите за атмосферата на Андерфест.