„Млад отворен театар“ по 47-ми пат годинава ќе се одржи од 10 до 19 ноември

Младинскиот културен центар (МКЦ) најави дека 47-то издание на „Млад отворен театар“ – МОТ ќе се одржи во периодот од 10 до 19 ноември. Годинава на театарскиот фестивал ќе има 25 програмски активности и ќе учествуваат од театри од Словенија, Грција, Турција, Велика Британија, Србија, Црна Гора и Македонија.

Фестивалската програма ќе започне со дуодрамата „Кислород“ на Народниот театар Битола со „Кислород“ на Иван Вирипаев, во режија на Иван Јерчиќ. Меѓународната фестивалска програма на МОТ започнува на 11 ноември со претставата „Можат ли птиците да се забавуваат?“ на Битеф театар по текст на Тијана Грумиќ, а во режија на Никола Исаковиќ.

Домашната продукција ќе ја претстават „Демони“ на Народниот театар Битола, потоа гостуваат НУЦК „Антон Панов“ – Струмица со „Циркуз Пирандело“, Турскиот театар со „Шопинг и факинг“, „Градот како сцена (Изгубени модернистички утопии)“ на ФРУ/АКТО, „Скопјани“ на Театар за сите, „Глумици“ на Артопија, „Процес“ на Ивица Димитирјевиќ, „Создаваме град, градиме иднина!“ на Симона Димковска.

На МОТ годинава ќе има и танцов театар, меѓу нив „УПМ“ на ИКС на квадрат, „Go figure it out“ на Скопје танцов театар, „Популус“ Филип Петковски, како и „Јас сум ти“ на Искра Шукарова и Тереза Лазарев. Фестивалот ќе заврши со „Антитело“ дипломска претстава од Факултетот за драмски уметности.