fbpx

Мицкоски не сака Јанева да го води СЈО, Заев вели треба да остане истиот тим

-

Премиерот Зоран Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вчерашната лидерска средба се согласија да се формираат работни групи во Собранието за донесување на Законот за јавно обвинителство, но не успеаја да постигнат согласност околу тимот на СЈО. Мицкоски бара Катица Јанева и тимот да не бидат дел од СЈО, а Заев вели дека за тој тим на СЈО сите гласале во 2015 година.

– За ова СЈО сите гласавме во 2015 година. СЈО ќе се вгради во јавнообвинителскиот систем на земјата, но за тој процес треба да се испочитуваат одредени рокови. Верувам дека ќе обезбедиме двотретинско мнозинство за СЈО. Моја искрена желба е тоа да биде со консензус. Ако нема консензус, како влада ќе направиме се, во рамки на можностите, за да се постигне потребното мнозинство – рече Заев.

Мицкоски вели дека опозицијата е расположена да влезе во разговори за решавање на статусот на СЈО, но на чело на тоа обвинителство не смее да биде Катица Јанева, бидејќи „го изгубила професионалниот кредибилитет“.

За изборите, Мицкоски најави координација меѓу изборните штабови на власта и на опозицијата и оцени дека има многу пропусти во предизборието, како вработувања во администрацијата и трансфери од единиците на локалната власт во државната управа, но и промотивни активности, иако кампањата не е почната сè уште.

Лидерот на опозицијата рече дека со Заев разговарале на две теми, создавањето услови за фер и демократски избори и за реформската агенда за добивање почеток на преговори со ЕУ. Мицкоски му посочил на премиерот дека опозицијата е жртва на политички прогон.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...