fbpx

Мицкоски: Ми се кинеше срцето кога ве гледав како гласате, а можевме да го победиме Заев

-

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од вечерашната партиска свеченост по повод одбележувањето на денот на македонската револуционерна борба, побара да се донесе закон за амнестија за учесниците во настаните од 27 април во Собранието.

Според него, така ќе има неселективна правда и слободна за сите.

Во врска со новонастанатата ситуација во партијата што ја води, рече дека минатиот петок бил „црн петок“, а пратениците кои гласале спротивно на партискиот став, како што рече, ја предале партијата и државата и се воделе од личен интерес.

– Тивко и пеколно болно беше во моето срце таа вечер. Тивко и мачно беше во нашиот штаб. Тивко, мачно, болно, гневно, очајно беше во македонските домови, во македонските градови и во македонските села. Не заболе и тоа пеколно. Тоа што ве видовме со посвиткана кичма. Не издржаа вашите плеќи. Не издржаа иако до пред некој ден не убедувавте, се фалевте и ширевте митови дека на вашите плеќи се крепи Македонија. Кога гледав како еден по еден кревавте рака за предлогот на Заев, со секое кревање рака нас срцето ни се кинеше. Пеколна болка е тоа – рече Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во своето обраќање потенцираше дека доколку пратениците не гласале „за“ потребата од уставни измени, партијата ќе победела на изборите.

– Само малку фалеше да издржите. Да одговоревте на задачата, да не ја свиткате кичмата, Заев беше готов. Вие само за малку му ја продолживте политичката кариера на Заев на сметка на Македонија. Влеговте во неговиот ол ин план, со кој срамно тргува со илјадници македонски души. А, да издржевте ќе одевме на избори!. И ќе го победевме злото. Ќе го победевме Зоран Заев и групата околу него. Па нели сфативте дека беше готов. Едно сакам да ви кажам тој е слаб и слаб ќе остане, а вашата инјекција, допингот, кратко ќе му трае – додаде Мицкоски.

На прославата на денот на ВМРО не присуствуваше почесниот претседател на партијата Никола Груевски, како ни претседателот Ѓорге Иванов.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...