Дефектот во РЕК Битола е отстранет и електраната сега работи со полн капацитет, инофрмираше денеска генералниот директор на АД ЕЛЕМ, Христијан Мицкоски.
Според него, земјава во најстудените денови ги задоволила потребите од електрична енергија со 80 отсто од домашно производство.
– И покрај временските услови, успеавме навреме да ги испорачаме потребните количества електрична енергија. Граѓаните не треба да се грижат, така ќе биде и во наредните денови – нагласи Мицкоски.
Тој додаде дека периодот што следува е поволен поволен, бидејќи снегот што се топи ќе ја намали цената на струјата во регионот.
Увозот на струја засега се реализира единствено преку Србија.