На плоштад Македонија во Скопје се собраа илјадници лица на мирен собир да оддадат почит на загинатите во трагедијата во Кочани. Атмосферата на плоштадот беше траорна, граѓаните молчешкум палеа свеќи и се поклонуваа во чест на жртвите кои трагично ги загубија нивните животи во дискотеката „Пулс”
Со мобилни телефони и вклучени светилки, симболично испратија порака за солидарност.
На собирот се одржи и 16-минутен молк во 18 часот и 59 минути. 59 во знак на бројот на загинати лица, а 16 го претставува датумот на трагедијата.
Молкот заврши со извикување „слава им“ и пуштање црни балони кон небото.