Министрите и дополнителните министри на СДСМ поднесоа оставки во Владата

-

Министрите и дополнителните заменици министри од СДСМ денеска поднесоа оставки на функциите во Владата.

„Доколку Собранието се распушти, односно доколку се одлучи да се применува одлуката на Собранието донесена на 23 февруари, со која се врши изменување на одлуката за распуштање на Собранието донесена на 18 јануари 2016 година, бараме оставките претходно да се констатираат. Според Договорот од Пржино, министрите и дополнителните заменици министри од СДСМ се дел од Владата што во согласност со Договорот од 2 јуни 2015 година и со протоколот кон Договорот од 15 јули 2015 година, е формирана за организирање фер и веродостојни избори, откако ќе бидат исполнети сите услови и точки од тој Договор“, пишува во соопштението на СДСМ.

Од партијата велат дека СДСМ и опозицијата остануваат гаранти на заложбите за спроведување фер, регуларни и демократски избори во Република Македонија.

Оставките на функционерите од СДСМ значат дека ако Собранието се распушти и одлучи да остане на одлуката изборите да се одржат на 5 јуни, СДСМ нема да биде дел од техничката влада што ќе ги подготвува и ќе ги организира изборите.

Со овој потег, СДСМ јасно става до знаење дека за нивната партија и за здружената опозиција условите за фер и демократски избори не се исполнети, а СДСМ не сака да им дава кредибилитет на, како што велат, уште едни криминални избори.

Денеска нов протестен марш за Фросина Кулакова: Организаторите ќе излезат со конкретни барања

Иницијативата „Кој е следен?“ соопшти дека денеска ќе организира нов протестен марш кој ќе започне во 16:30 часот на местото каде пред три седмици младата дизајнерка Фросина Кулакова беше прегазена со...

Во Лисиче во јануари чист воздух се дишело само два дена

Екстремно високи вредности на ПМ 10 и ПМ 2,5 во воздухот и исклучително нездрава средина за живеење беа карактеристика и за овој месец јануари. Скопје постојано беше високо на листата на...

Осуммина осомничени за престрелката во Чаир во која загина едно лице, по тројца од нив сè уште се трага

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против шест лица поради учество во дејствија на кривични дела убиство и обид за убиство при престрелката која се случи ноќта...

Со концертни настапи се отвори новото медиумско јадро за независната музичка сцена – Стереолаб

Пред стотици поддржувачи на независната музичка сцена и со куси концертни настапи на неколкуте музички бендови, и на веќе докажани музичари и диџеи се отвори новото онлајн радио и медиумското јадро...

Денеска нов протестен марш за Фросина Кулакова: Организаторите ќе излезат со конкретни барања

Иницијативата „Кој е следен?“ соопшти дека денеска ќе организира нов протестен марш кој ќе започне во 16:30 часот на местото каде пред три седмици младата дизајнерка Фросина Кулакова беше...