Министерството за земјоделство отвори кол центар за земјоделците

-

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) соопшти дека отворило кол центар наменет за земјоделците, агробизнисмените и за граѓаните, кој би требало да им помогне да дојдат до сите потребни информации и да добијат различни услуги.

Заинтересираните може да се јавуваат на телефонските броеви 071/204-137, 070/415-314 и 070/415-389. Линиите ќе бидат во функција од 8 до 17 часот.

Преку кол центарот земјоделците и агробизнисмените  ќе можат да добијат информации поврзани со исплата на субвенции, рокови за аплицирање за конкретни мерки, огласи за земјиште и сите останати информации од областа на земјоделство. Воедно, преку кол центарот ќе може да се пријавуваат и одредени проблеми со кои се соочуваат земјоделците и агробизнисмените, како и да пријават незаконски дејствија.

Трамп го обвини Зеленски дека го загрозува мировниот договор

Американскиот претседател Доналд Трамп го обвини украинскиот претседател Володимир Зеленски дека го загрозува, како што тој го нарече, мировниот договор за завршување на војната во Украина, и даде најјасна најава досега...

Норвешка туристка алармира за нехумани услови во Скопската зоолошка градина

Норвешка туристка, Елена Хаген Мокошеин, испрати писмо до редакцијата на Мета.мк, заедно со фотографии, при што детално опишува сериозни пропусти во грижата за животните и недостиг на основни стандарди за нивна...

Земјотрес со јачина од 6,2 степени го погоди Истанбул и повреди повеќе од 150 лица

Силен земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди регионот на Истанбул во Турција. Епицентарот на земјотресот во Турција е соопштено дека е на длабочина од 12 километри,...

Трејдинг за сиромашни – од живот без шеф до кампања за регрутација

Сѐ почнува со кратко видео: млада девојка во Дубаи, со лаптоп во скут и плажа во позадина, вели дека работи за себе, нема шеф и живее од тргување на берза. „И...

Трамп го обвини Зеленски дека го загрозува мировниот договор

Американскиот претседател Доналд Трамп го обвини украинскиот претседател Володимир Зеленски дека го загрозува, како што тој го нарече, мировниот договор за завршување на војната во Украина, и даде најјасна...