fbpx

Министерството за здравство подготвено да ја предаде документацијата за болницата во Тетово на обвинителите

-

Министерството за здравство информираше дека стои на располагање на сите институции и може да ја приложи целокупната документација со која располага, за поставувањето на сите 17 ковид-центри во земјата. Ваквото соопштение доаѓа откако Основното јавно обвинителство претходно соопшти детали за текот на истрагата за пожарот во ковид-центарот во Тетово, кој се случи ноќта веднаш по одбележувањето на три децении независност на државата и во кој загинаа 14 лица.

Во соопштението од министерството понатаму се набројани сите извештаи, сертификати, решенија и записници кои тие ги поседуваат а се поврзани со модуларните болници.

„Министерството за здравство информира дека откако изведувачот ќе ги поставеше модуларните контејнери се вршеше примопредавање на истите“, се посочува во соопштението.

Тие додаваат дека примипредавањето го правеле инженери од Министерството за здравство, Министерството за труид и социјална политика, како и претставници од изведувачот и болниците, со што модуларните контејнери се предавале на болниците во целост согласно техничките спецификации од договорот.

„Министерството за здравство не сакајќи да се меша во јавно обвинителските одлуки и дејствувања, ниту да наштети на независната истрага која ја водат Основното јавно обвинителство и Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, по претходна нивна дозвола, документацијата со која располагаме подготвени сме да ја доставиме на увид“, велат од ресорот здравство.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...