Министерството за економија се пофали со намалување на цените од 0,3 отсто

Главната цел на Новогодишната кошница која што беше креирана од бизнисот односно производителите, дистрибутерите и трговците, беше да се креира поширока листа на одделни прехранбени производи кои што се ставија со намалени цени на рафтовите

-

Денес завршува акцијата „Новогодишна кошница“ којашто беше креирана на предлог на бизнисот со поддршка на Министерството за економија и труд и траеше од 15 декември 2024 година до 15 јануари 2025 година.

Главната цел на Новогодишната кошница којашто беше креирана од бизнисот односно производителите, дистрибутерите и трговците, беше да се креира поширока листа на одделни прехранбени производи коишто се ставија со намалени цени на рафтовите.

Новогодишната кошница имаше листа од речиси 1200 производи, каде што беа намалени за 10 отсто. Сите овие намалувања завршуваат денес, а од Министерството за економија се пофалија со намалување од само 0.3 отсто.

Според Државниот завод за статистика од податоците за Индекси на трошоците на животот и на цените на мало за декември се забележува дека инфлацијата во 2024 година споредено со 2023 година изнесува 3,5% како што беше и проектирано. На месечно ниво пак во декември 2024, споредено ноември 2024 година инфлацијата изнесува 0,3%

Податоците на статистика покажуваат дека во декември 2024 година во однос на ноември 2024 година намалувањето на трошоците за живот кај храна и безалкохолни пијалоци изнесува-0,3%.

За само една недела бројот на грипозни пораснал за 61,7 отсто

Во текот на петтата недела од 2025 година, во Македонија се пријавени 3.036 случаи на групни пријави за заболени од грип/заболувања слични на грип, за 61,7 отсто повеќе во споредба со...

Промовирана веб-страницата на Комисијата за паричен надоместок на жртви од кривично дело со насилство

Со помош и поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Комисијата за паричен надоместок на жртви од кривично дело со насилство, изработи веб-страница, која ќе служи како основа за промовирање на...

Зеленски: Севернокорејските трупи се вратија на фронтот во Курск

Украинскиот претседател Володомир Зеленски, изјави дека севернокорејските трупи се вратиле на фронтот во руската област Курск, по информациите дека Москва ги повлекла своите трупи поради големи загуби, пренесува „Гардијан“. „Имаше нови напади...

Подобри игри во најава Crimson Desert, Dune Awakening и Doom: The Dark Ages

Игрите „Crimson Desert“, најновата „Dune: Awakening“, како и најавената „DOOM The Dark Ages“ се најавени за годинава. Се очекуваат да бидат масовно играни особено играта за Dune: Awakening која е носталгична...

За само една недела бројот на грипозни пораснал за 61,7 отсто

Во текот на петтата недела од 2025 година, во Македонија се пријавени 3.036 случаи на групни пријави за заболени од грип/заболувања слични на грип, за 61,7 отсто повеќе во...