fbpx

Министерство за здравство: Во аптеките има инсулин

-

Тендерот за набавка на инсулинска терапија е веќе завршен, договорите со набавувачите се потпишани и сите инсулински аптеки низ земјата се снабдени со потребната инсулинска терапија, се вели во реакцијата на Министерството за здравство на обвинувањето од Здружението за детски дијабетес „Баланс“ дека нема повеќе од донираниот инсулин вреден 700.000 евра.

–  Апсолутно е неточно тврдењето дека во аптеките има недостиг на ленти за мерење гликемија. Овие ленти не само што не недостигаат, туку веќе ги има и во поголем број за разлика од порано, бидејќи неделава почна дистрибуцијата на зголемен број бесплатни ленти за мерење гликемија кај пациенти со дијабет тип 2 на инсулинска терапија. Бројот на ленти за мерење гликемија е за седум пати зголемен за разлика од порано, така што наместо досегашните четири ленти месечно, пациентите отсега добиваат по 30 ленти месечно. Исто така, инсулинските игли што се применуваат се во согласност со светските стандарди и се соодветни за супкутана апликација – се вели во соопштението.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...