fbpx

Министерство за здравство: Пациентката сомнителна за новиот корона вирус не е заразена

-

Министерството за здравство соопшти дека резултатите на уште една пациентка за која претпладнево постоеше сомнеж за корона вирус, се негативни на вирусот, односно иако првичните испитувања дале сомнеж за заразеност, тоа не е така.

Оваа пациентка е една од двата случаи кои се тестираа на Инфективната клиника во Скопје денеска, а и двата резултати се негативни на вирусот.

Во моментов, пациентката на Инфективната клиника во Скопје која со комбе допатува од Милано, а за која соопштија вчера премиерот Оливер Спасовски и министерот за здравство Венко Филипче, е единствениот регистриран случај заразен со вирусот COVID 19.

Инаку, како што беше најавено на синоќешната конференција за медиуми, во текот на ноќта сите 9 патници на 5-те локации, 2 во Скопје и 3 во Струмица биле посетени од страна на епидемиолозите од Центрите за јавно здравје во Скопје и Струмица.

-Сите патници кои патувале од Италија со пациентката уште синоќа се исконтактирани и се наоѓаат во изолација во домашни услови во соработка со МВР. Најголем дел од патниците немале контакт со поголема маса луѓе, туку само со семејството. На денешниот состанок на комитетот ќе ги разгледаме можностите за продолжување на домашната изолација или префрлување на овие лица во инфективните одделенија, одредени за изолација – посочи министерот Филипче.

Лицата со кои тие биле во контакт се веќе лоцирани и исконтактирани. И тие се наоѓаат во домашна изолација, а епидемиолозите на Центрите за јавно здравје од утринава се веќе на терен и ги анкетираат, согласно утврдената постапка.

Владата на Република Северна Македонија ги извести сите вработени во државните и локалните институции и претпријатија, вработени во основно, средно и високо образование како и сите ученици и студенти дека ДОКОЛКУ во последниве 2 недели патувале или живеат со некој кој патувал во следниве земји/региони: регионите Ломбардија, Венето, Емилија Ромања, Пиемонт во Италија, како и Кина, Хонг Конг, Иран, Јапонија, Маку, Филипини, Република Кореа, Сингапур, Тајван потребно е, да не доаѓаат на работа/училиште/факултет и да ја информираат институцијата/претпријатието/училиштето . На тој начин ќе се соберат релевантните информации и ќе им се даде соодветен совет во зависност од ситуацијата.

Во случај на појава на симптоми лицата да се јават на телефонските броеви:
• ЦЈЗ Битола 071/261-330
• ЦЈЗ Велес 071/219-278
• ПЕ Гевгелија 078/545-444
• ЦЈЗ Кочани 071/373913
• ЦЈЗ Куманово 070/215-851
• ЦЈЗ Охрид 070/723-029
• ЦЈЗ Прилеп 076/475-747
• ЦЈЗ Скопје 071/289-614
• ЦЈЗ Струмица 072/235-543
• ЦЈЗ Тетово 075/240-464
• ПЕ Гостивар 076/365-161
• ЦЈЗ Штип 078/365-613
• ИЈЗ Скопје 078/387-194
• ЗД Ало докторе 02/15-123

„Сите надлежни служби навремено и одговорно го спроведуваат протоколот. Апелираме до граѓаните да не се создава паника и да се информираат за состојбата исклучиво од официјални извори и информации. Министерството за здравство продолжува редовно да информира за состојбата“ се вели во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...