Министерството за здравство информира дека претседателот на Собранието, Африм Гаши е во стабилна здравствена состојба.

„Тој околу полноќ бил хоспитализиран на Клиниката за дигестивна хирургија со болки во стомакот и веднаш му се направени потребните радиолошки и лабораториски испитувања, утврдена е интестинална опструкција на тенко црево. Задржан е на болничко лекување и е под постојан лекарски надзор. Во моментот е на конзервативен, медикаментозен третман, без поставена индикација за оперативно лекување“, се вели во соопштението од министерството.