fbpx

Министерство за финансии денеска исплатило заостанати субвенции и студентски стипендии

-

Министерството за финансии денеска на сметките на 301.660 пензионери исплатило 4 милијарди 174 милиони денари пензија за мај, информираат оттаму.

„Денеска се исплатени и студентските стипендии. Студентите ги добија стипендиите за последните пет месеци во висина 118,2 милиони денари. Исто така, денеска Министерството исплати 439 милиони денари за субвенции, од кои за житни култури 114,1 милиони денари, за лозови насади 31,8 милиони денари, за градинарски култури 36,3 милиони денари, за мерката одгледување говеда 100 милиони денари, за одгледување овци 154 милиони денари и за млеко 2,7 милиони денари“, велат оттаму.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

До обвинителството не пристигнала ниту една пријава за кривично дело поврзано со изборите

Во текот на изборниот ден до затворањето на избирачките места, на електронската адреса на Јавното обвинителство, [email protected], не пристигна ниту една пријава за кривично дело поврзано со изборите, соопшти...