Министерот за здравство Азир Алиу најави системски реформи во секторот

Алиу зборуваше и за идејата за изградба на нов Клинички центар

-

Министерот за здравство Азир Алиу денеска на прес конференција најави реформирање на здравството. Иако критикуван дека на чело на оваа институција не доаѓа од лекарската фела, новиот министер посочи дека тој треба да е менаџер кој ќе обезбеди систем за успешна работа на сите лекари, со добри инструменти и со отчетност кон граѓаните, а не со листа на чекање. За да ги реализира овие цели ќе изгради систем базиран на пет столба што ќе го трансфорираат здравството во поправееден и поефикасен сервис за граѓаните.

„Сите граѓани над 40 години ќе имаат право на бесплатни прегледи за рано откривање на дијабетис, хипертензија, срцеви и белодробни заболувања“, најави Алиу и додаде дека ќе се работи по европските стандарди. Програмата ќе важи за сите граѓани, а пријавувањето за прегледите ќе биде онлајн.

Новиот министер најави дека посебно ќе се посвети на онколошките пациенти, за кои вети дека во иднина нема повеќе да им недостига терапија. Институциите ќе мора да завршат со тендерирањето за нова терапија шест месеци пред истекот на актуелниот договор со фирмите за набавка на лекови. Алиу најави и дигитализација во здравство, воведување електронска здравствена картичка и дигитални рецепти и упати. Кочани и условите за лекувањето на жртвите од катастрофалниот пожар ќе бидат на агендата, а во следните денови ќе има контакти со директорката на болницата и со граѓаните во Кочани.

Алиу зборуваше и за идејата за изградба на нов Клинички центар, за кој постои можност да биде финансиран со парите за проектно финансирање кои на Македонија и се ставени на располагање преку договорот со Велика Британија тежок шест милијарди евра, од кои на здравствениот сектор ќе му припадне една милијарда евра.

Агенцијата за национална безбедност изврши претрес и одзеде оружје и мобилни уреди во Скопје

Агенцијата за национална безбедност (АНБ), во координација со Министерството за внатрешни работи (МВР), на 19 јули 2025 година спроведе претрес на домови и други простории на две локации во Скопје, по...

Лефков: Бугарски служби шират дезинформации против Мицкоски и Владата

Пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, денеска обвини за постоење на „координирана операција за дискредитација“ насочена против Владата, премиерот Христијан Мицкоски и Република Македонија, наводно оркестрирана од...

Забраната за шетање во шуми не е дел од никаква агенда, туку се воведува поради превенирање на пожари

Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук која вели: Ова мерките на Северна вукојебина за забрана за шетање по планините личи на агендата 2030 а народот овца не се буни. Забраната за шетање во шуми не е ништо...

Институционален молк, политичка калкулација и цената што жените ја плаќаат за учество во јавниот живот

Во  Македонија, од 80 општини, само две ги водат жени: Данела Арсовска во Скопје и Жаклина Јовановска во Старо Нагоричане. Тоа ја прави оваа ситуација уште позначајна. Нападот врз една од...

Агенцијата за национална безбедност изврши претрес и одзеде оружје и мобилни уреди во Скопје

Агенцијата за национална безбедност (АНБ), во координација со Министерството за внатрешни работи (МВР), на 19 јули 2025 година спроведе претрес на домови и други простории на две локации во...