fbpx

Министерот Спасовски се вакцинираше против ковид-19 со кинеската вакцина „Синофарм“

-

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски се вакцинираше против ковид-19 со кинеската вакцина „Синофарм“, во Вакционалниот пункт во Куманово.

„Тоа е граѓанска одговорност на секој граѓанин, имајќи предвид со што се соочивме со пандемијата со ковид-19. Навистина, само вакцинцијата и имунизацијата на населението може да помогне да ја победиме оваа болест,“ изјави Спасовски.

Министерот изрази задоволството што граѓаните на Куманово имаат добра пријавеност за вакцинирање, а над 10 проценти од населението на градот веќе е имунизирано, што на дело ја покажува одговорноста како град во однос на процесот на имунизација.

Во однос на вакцините, министерот Спасовски истакна дека без разлика која вакцина ја примаме, имунизацијата е единствен начин да се спречат тешки форми на ковид-19 и фатални последици.

„Сите вакцини се проверени, безбедни и добро е што во последно време имаме генерално голем број на граѓани кои изразија желба да се вакцинираат, па уште еднаш апелирам до сите да се пријават на vakcinacija.mk, каде ќе добијат термин и да ја завршат и личната и граѓанската одговорност. На тој начин си помагаме себеси, но и на нашите семејства и заедницата“, посочи Спасовски.

Тој додаде дека вакцинацијата не е крај на борбата против ковид-19, а посебно во периодот после вакцинирањето треба да се внимава и особено да се почитуваат мерките за заштита, како што е носење на заштитни маски, одржување на растојание и, генерално, мерките коишто ги пропишува Владата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...