Фото: Министерство за одбрана

Министерката за одбрана Славјанка Петровска во придржужба на американската амбасадорка во земјава, Кејт Мари Брнз денес во скопската касарна Илинден го поздравија завршувањето на заедничката обука на поморските специјални сили на САД, ренџерскиот баталјон и баталјонот за специјални сили на Армијата.

„Ова го покажува нашето силно заедништво и сојузништво, што е особено важно сега кога Русија грубо го нападна територијалниот интегритет и суверенитет на Украина.”>Остро ја осудуваме воената агресија на Русија врз Украина и стоиме единствени со сојузниците во НАТО во повикот кон Русија да прекине со воените дејствија кои се закана за безбедноста на Европа“, објави Петровска на Фејсбук по церемонијата.

Таа нагласи и дека македонските граѓани стојат во солидарност со граѓаните на Украина. „Безбедноста на нашата земја е гарантирана, нашата јавност треба да биде сигурна дека државниот врв будно ги следи состојбите и ги превзема сите мерки за гаранција на безбедноста“, додаде министерката за одбрана.

Утрово амбасодората на САД јавно го сподели својот став и на Твитер, каде напиша: „Соединетите Држави и нашите сојузници најостро го осудуваат рускиот напад врз Украина“.