fbpx

Министерката за образование Мила Царовска нема да биде дел од новата влада

-

Мила Царовска ќе се повлече од функцијата министер за образование и наука во новата влада. Таа денеска во изјава за медиумите рече дека донела одлука да не учествува во новата влада предводена од СДСМ, ДУИ и Алтернатива.

„Во изминатите пет години заедно со мојот тим, испорачавме политики во интерес на граѓаните. Јас продолжувам да се борам и да се застапувам за истите вредности и за истите политики и навистина верувам во капацитетот и силата на државата како и силата на жените и младите“, изјави министерката Царовска.

Таа беше министерка за образование и наука од август 2020 година, во втората влада предводена од премиерот Зоран Заев по победата на предвремените парламентарни избори во јули минатата година.

Инаку, повлекувањето на Мила Царовска доаѓа само неколку дена откако министерката за одбрана Радмила Шекеринска и министерот за здравство Венко Филипче најавија дека нема да учествуваат во новата влада, додека Зоран Заев исто така ја најави оставката од премиерската функција.

Во идната влада со мандатарот Димитар Ковачевски се очекува повеќето министри да бидат нови, додека помал број од постојните да останат на своите позиции. Партијата Алтернатива веќе најави дека нов министер за здравство ќе биде Беким Сали. Адмирим Алити е планирано да биде министер за информатичко општество и администрација, додека Џемаил Чупи е предложен за министер без ресор задолжен за дијаспора.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...