Министерката Ангеловска дел од Акциската група против Covid-19 на Светскиот економски форум

-

Министерката за финансии Нина Ангеловска е еден од 37-те члена на новооснованата антикризна платформа – Акциска група за Европа и Евроазија на Светскиот економски форум (World Economic Forum). Оваа платформа е формирана за да се одговори на здравствените, економски и социјални последици предизвикани на Covid-19, односно да ги поврзе земјите и да ги поттикне заедно да дејствуваат и да направат заедничка стратегија за сузбивање на оваа глобална криза, особено во периодот за опоравување.

Во оваа Акциска група членуваат 37 избрани вицепремиери, министри, високи функционери, универзитетски професори и истражувачи.

Таа ќе биде антикризна платформа на која ќе се разменуваат идеи и искуства за антикризни мерки и нивното влијание на краток и долг рок на поединечни земји и регионите, како и развивање заеднички планови и стратегии за обнова на економиите по кризата. Групата ќе се состанува редовно со цел координација и проактивно дејствување a ќе игра и улога на подобрувач на координацијата помеѓу властите, стопанството, невладините организации, академската јавност и другите засегнати страни.

Покрај основните цели, Групата треба да обезбеди и стратегиски совети со цел создавање на долгорочна одржливост на постојаните регионални проекти и тоа: проектот на Дигитална Европа, Европскиот Зелен Договор и Стратешкиот дијалог за Западен Балкан.

Македонија и Србија испитуваат можности за гасно поврзување

Македонија и Србија ќе ги испитуваат можностите за спојување со гасен интерконектор, кој треба ќе биде една нова директна врска меѓу од Јужниот гасен коридор на ЕУ и Трансбалканскиот...