fbpx

Минимален пораст на индустриското производство од само 0,3 отсто

-

Последните податоци на Државниот завод за статистика, ДЗС, покажуваат дека индексот на индустриското производство во јануари 2020 година, во однос на истиот месец минатата година, изнесува 100,3, односно порастот е само 0,3 отсто. Гледано по сектори, најголем пораст имало кај секторот рударство и вадење на камен, каде во јануари, во споредба со јануари 2019 година производството е зголемено за 9,4 отсто. По него е секторот преработувачка индустрија, со пораст од 4,6 отсто, додека кај секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, производството паднало за 15,8 отсто.

Минималниот пораст на производството во индустријата е после два месеца едноподруго негативни резултати. Поточно, според ДЗС, индустриското лани во декември, во споредба со декември 2018 година било во минус од 5,9 отсто, а во ноември минатата година, споредено со ноември 2018, падот иснесувал 2,1 отсто.

Вкупното индустриско, пак, за цела 2019 година година има пораст од 3,7 отсто во споредба со претходната 2018 година, како што претходно објави ДЗС.

Порастот во преработувачката индустрија во јануари годинава најмногу се должи на зголеменото производството на прехранбени производи, пијалаци, текстил, облека, производи од гума и од пластични маси, други неметални минерални производи, метали, фабрикувани метални производи, освен машини и опрема, производство на моторни возила, приколки и полуприколки и на мебел.

Според главните индустриски групи, во јануари 2020 година, во однос на јануари 2019 година, производството бележи пораст кај интермедијарни производи, освен енергија за 14,9 отсто и кај нетрајни производи за широка потрошувачка за 6,0 отсто. А, опаѓање имало кај енергијата за 12,7 отсто, капиталните производи за 5,5 отсто и трајните производи за широка потрошувачка за 5,4 отсто.

Останува да се види како движењата на индустриското во последниве месеци ќе се одразат на висината на бруто домашниот производ во следниот, четврти квартал, бидејќи секторите во индустријата најмногу влијаат структурата на БДП. Во третиот квартал од 2019 година БДП имаше пораст од 3,6 отсто, во вториот за 3,4, а во првиот квартал БДП порасна за 3,9 отсто, во споредба со истите периоди од 2018 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел ја бомбардира Сирија, има над 40 жртви

Израел го бомбардираше регионот околу градот Алепо во Северна Сирија, пренесува Гардијан. Израелските сили таргетирале членови на либанската паравоена организација Хезболах. Има повеќе различни контрадикторни информации за бројот на убиени,...