fbpx

Милошоски: Заслужуваме да бидеме рамноправна членка на НАТО

-

Во бесмислената војна, пред 100 години, загинаа многу млади војници, но најголемата жртва на ова поднебје беше Македонија, истакна потпретседателот на Собранието на Република Македонија Антонио Милошоски, на Француските воени гробишта во Битола, каде што денеска беше одбележан денот кога во 1918 година беше потпишано примирјето меѓу завојуваните страни.

– Пред 100 години многу млади војници, Французи, Германци, беа жртви на една бесмислена војна, но не смееме да заборавиме дека пред 100 години најголемата жртва на таа војна беше земјата која не учествуваше во таа војна, а тоа е Македонија, и која денес е тло на овие гробишта. Не смее да се заборави дека ние денес сме земја која што со Франција и со Германија има одлични сојузнички односи, нашите војници заедно со нивните се во мировни мисии и затоа порачувам: паметејќи го минатото, заслужуваме денес и во иднината, Македонија да биде рамноправна членка на НАТО, заедно со Франција и со Германија – рече Милошоски.

На церемонијата што се одржа во Битола, пораки за мир упатија амбасадорките на Германија, Кристине Алтхаузер, и на Франција, Лоренс Оер.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Средношколски самит за кариерен развој в понеделник во Скопје Сити Мол

Во понеделник, на 22 април, во „Синеплекс“ во трговскиот центар Скопје Сити Мол ќе се одржи Средношколски самит за кариерен развој. Настанот ќе започне во 17 часот, а е...