fbpx

Милитанти во Сирија со иперит ја нападнале војската

-

Милитанти од Исламска држава нападнале сириски војници со боен гас иперит за време на офанзивата на воениот аеродром во провинцијата Деир ел Зор, на границата со Ирак, јавија денеска државните сириски медиуми.

Медиумите не јавуваат за жртви во последните обиди на милитантите да го заземат аеродромот, кој се наоѓа јужно од градот Деир ел Зор, а каде одредени населби се под контрола на милитантите.

„Терористите испукале ракети со иперит“ – јавува државната телевизиска станица „Икбари“.

Деир ел Зор е важна стратешка локација затоа што оваа провинција ја поврзува Рака, упориштето на Исламска држава, со нивните соборци во Ирак.

Новинската агенција „Амак“, која е блиска до милитантите, претходно јави дека припадниците на ИД го нападнале селото Џуфра, во близина на аеродромот и оти двајца бомбаши-самоубијци со возила удриле во позиции на војската, при што се убиени голем број луѓе.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...