fbpx

Милан ќе гради нов стадион

-

Долги години откако стадионите во Италија се сопственост на градовите, многу клубови одлучуваат да направат свои стадиони, а меѓу нив е и Милан.

Клубот на почетокот од февруари ќе ги претстави плановите за изградба на нов стадион, кој би требало да се наоѓа на шест километри од „Сан Сиро“.

Новиот стадион би требало да прими меѓу 40.000 и 45.000 гледачи, што е двојно помалку од „Сан Сиро“ (80,018), но сопственоста над објектот би била голема предност за Милан.

На ваков чекор веќе се одлучија Јувентус, Фиорентина и Рома. Јуве со навивачите од омразениот „Деле Алпи“ се пресели на стадион кој е многу поблизу до самиот Торино, додека Рома претстави планови за изградба на спектакуларен стадион.

Ова, сепак, се само планови бидејќи се очекува Милан да се пресели на нова локација пред 2019 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...