fbpx

„Мајкрософт“ патентира нов систем кој за пишување ќе користи поглед

-

„Мајкрософт“  пријави патент за пишување со поглед наместо со раце.Системот првенствено е наменет за тие што не можат да ги користат рацете, а се чини дека навистина ќе биде револуционерен. За разлика од веќе постојните, побавни решенија, кои од корисникот бараат долго да го задржува погледот на одредена позиција, „Мајкрософт“ планира да го забрза целиот процес со воведување комбинација на препознавање шеми и создавање база на податоци за секој корисник.

„Со собирање на сите правци на гледање од почеток до крај на внесувањето на сигналот и со обработување на сите податоци, цели зборови, па и реченици би можеле одеднаш да се испорачуваат. Тоа на корисниците ќе им овозможи да се задржуваат кратко на секоја буква“, се наведува во патентот.

Нормално, патентот не значи дека производот ќе стигне до продавниците, ама самото сознание дека „Мајкрософт“ влезе во овој домен, е индикатор дека во блиска иднина може да очекуваме барем нешто слично.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...