fbpx

Микиќ: Едно од илјада деца ќе почине поради компликации од морбили

-

Никој не може со сила да ги натера родителите да ги вакцинираат своите деца, но тие треба да знаат вакцината против морбили е единствен начин на заштита, вели за „Мета“ Владимир Микиќ, директор на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

– Во Скопје 15.000 деца на возраст до 14 години се невакцинирани со оваа вакцина. Никој не може да ги натера родителите со сила да ги вакцинираат, но затоа треба добро да се информираат за последиците и компликациите кои може да настанат – вели Микиќ.

Тој најави дека ќе следуваат едукативни сесии со родители, на кои ќе се објаснат сите нејасни прашања околу оваа тема.

– Бројката на невакцинирани е голема заради антиваксерите и нивните кампањи се базирани на погрешни информации. Јавноста треба да знае дека според статистиките на светско ниво, едно на 1.000 деца ќе добие воспаление на мозокот како компликација од болеста, а едно или две деца на 1.000 ќе почине како резултат на компликации од мали сипаници – потенцира директорот на ИЈЗ.

Во 2018 година, во Србија од оваа болест починале 15 лица, во Франција две, а во Италија за една година починале петмина.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вештачката интелигенција може да доведе до истребување – ново предупредување на познавачите

Група врвни истражувачи, инженери и извршни директори, вклучително и шефовите на OpenAI (Опен АИ) и Google Deepmind (Гугл Дипмајнд) предупредија дека вештачката интелигенција (ВИ) може да доведе до истребување...
Download WordPress Themes Free
Download Premium WordPress Themes Free
Premium WordPress Themes Download
Download Best WordPress Themes Free Download
udemy free download
download intex firmware
Premium WordPress Themes Download
free download udemy paid course