fbpx

Мијалков се појави пред судот, имал температура и бил во изолација

-

Додека цело МВР е ангажирано да го пронајде „бегалецот“ Сашо Мијалков по кого се распишаа и национална и меѓународна потерница, тој бил тука, во Македонија. Екипа на „24 Вести“ попладнево го сними пред Обвинителството за организиран криминал, каде беше тргнат за да си го земе решението за куќен притвор. Мијалков се извини на македонска јавност затоа што сите го барале, а тој не знаел, затоа што бил болен, со симптоми на ковид и висока температура и останал еден ден во изолација.

„Сакам да ѝ се извинам на целата македонска јавност поради непријатноста што се случи во државава. Се извинувам на Владата и на сите инстанци. Уште еднаш да повторам дека јас нема никогаш да побегнам. Кога ќе дадам збор, не го погазувам. Еден ден бев во изолација и гледајте што се случи“, рече Мијалков за „24 Вести“.

Полицијата го бара Мијалков од завчера, за да му го врачи решението за куќен притвор, како обвинет во случајот „Таргет-Тврдина“, а денеска министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, одржа прес конференција на која изјави дека се трага интензивно по Мијалков кој е во бегство, но дека според сознанија на МВР, тој не е надвор од државава.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...