fbpx

Мијалков не беше спроведен на судењето за „Титаник 2“, барањето за спроведување било со згрешен датум

-

Комбето кое денес требаше да го однесе Сашо Мијалков утринава во Основниот Кривичен суд Скопје за продолжението на судскиот процес „Титаник 2“, за злоупотреби и влијанија во Државната изборна комисија не се појави во струшкиот затвор.

Судот тврди дека била испратена покана за денешното продолжение на судскиот процес, а директорот на затворот во Струга, Ваљон Ќуља изјави дека судот направил техничка грешка.

„Станува збор за техничка грешка од страна на Кривичниот суд. Во нашата институција сме примиле наредба за спровод на осудениот Сашо Мијалков на 28.11.2022 година за одредено судско рочиште на 12.12.2022 година. По оваа наредба ние сме постапиле и сме го испратиле осудениот Мијалков на рочиште. Ова судско рочиште е одложено и потоа на 14.12.2022 година во нашата институција пристигна пак барање од Кривичниот суд за истото лице, но и во ова барање, датумот на судското рочиште е истиот од претходното барање, значи 12.12.2022 година.Значи евидентно е дека станува збор за техничка грешка“, изјави Ќула за А1он.

Министерството за правда денес соопшти дека Управата за извршување на санкции ќе проверува што се случило.

„Управата за извршување на санкции ќе ги преземе сите активности кои се во нејзина надлежност и ќе направи вонреден надзор во установата за утврдување на фактичката состојба.Ќе се утврдува одговорност и ќе бидат санкционирани сите кои направиле  пропусти, намерни или ненамерни.За извршениот вонреден надзор, јавноста ќе биде дополнително  информирана“, соопшти Министерството за правда.

Судиите што го водат процесот  „Титаник 2“, предмет каде обвинети се лидерот на ДПА Мендух Тачи, поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, како и поранешните членови на ДИК Бедредин Ибраими, Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев, го одложија судењето со образложение дека Мијалков не е спроведен иако има повратница дека таму стасала судската покана.

Делото за кое Мијалков еднаш беше осуден застарува за околу четири месеци.

Пред Апелациониот суд во декември 2019 година да ја укине пресудата поради суштествени повреди на постапката и случајот го врати на повторно судење, во март истата година Кривичниот суд го осуди поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков на три години затвор, а лидерот на ДПА Мендух Тачи на 3 години и 2 месеца во предметот. Бедредин Ибраими доби казна затвор од 4 години и 6 месеци, Влатко Сајковски 3 години, Сашо Срцев доби 3 години и Елизабета Стефановска, исто така, 3 години затвор.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...