Михалис Рокас: Владеењето на правото ви стагнира во последниве години

Распределбата за Република Северна Македонија е 750,4 милиони евра, покрај тековните ИПА програми што надминуваат 500 милиони евра во чисти грантови за финансирање, кажа Рокас

-

Владеењето на правото стагнираше во изминативе неколку години и затоа треба да имаме конкретни чекори, изјави денеска евроамбасадорот Михалис Рокас, на заедничка прес-конференција со министерот за европски прашања Орхан Муртезани.

„Владеењето на правото е клучна компонента за сè и јавната администрација се области во кои земјата најмногу доцни во исполнување на реформите. Потребна ни е компетентна јавна администрација која ќе ги спроведе сите реформи“, рече евроамбасадорот Михалис Рокас.

Муртезани и Рокас денеска ги презентираа мерките од Планот за раст за Западен Балкан и Реформската агенда 2024-2027. Евроамбасадорот кажа дека ставот на Европската унија е дека сè што може да се гледа како мешање во независноста на судството, за нив предизвикува загриженост.

„Сакаме преку реформи, кои сите ги чекаме, да видиме силно судство. Не се работи за поединци, туку за процесот. ЕУ препорачува е силен систем што ќе ја почитува независноста на судство. Да бидам јасен околу една работа – парите кои ги даваме денеска се всушност дополнување на она што веќе постои. Реформската агенда и распределбата за Република Северна Македонија е 750,4 милиони евра, покрај тековните ИПА програми што надминуваат 500 милиони евра во чисти грантови за финансирање. Со овие финансиски распределби и јасната политичка поддршка, реформската агенда од Планот за раст е досега невидена можност за земјата да ги забрза клучните придобивки од членството на ЕУ“, рече Рокас.

Министерот за европски прашања Орхан Муртезани кажа дека е важен Планот за комуникација и видливост на Планот за раст.

„Добро осмислената и спроведена комуникација не е само формален чекор или административна задача. Напротив комуникацијата е клучот на успешноста на реформите. Јасноста, транспарентноста и разбирливоста се услов граѓаните да почувствуваат дека реформите се нивни и дека евроинтеграција не е далечен и апстрактен концепт, туку конкретна и опиплива можност за подобар живот“, рече Муртезани.

Во Скопје одбележан роденденот на Горан Стефановски, легендарен деец на современата македонска култура

Во срцето на скопското Дебар Маало денес беше одбележан 27 април, роденденот на драматургот и јавен интелектуалец Горан Стефановски (1952-2018), чии драми и стихови имаат култен статус во современата македонска култура. Прославата...

Родители на загинатите млади во Кочани бараат одговорност и обвинуваат за притисоци

Родители на загинатите млади во трагичниот настан во Кочани вчера на протестен собир побараа одговорност од институциите и обвинија дека се соочуваат со притисоци и закани за апсење. На протестот, една од...

Во судар на мотор и електричен тротинет загина 16-годишно момче

Денеслк во раните утрински часови, во близина на трговскиот центар „Чаирчанка“ во Скопје, се случи трагична сообраќајна несреќа во која загина 16-годишен возач на мотоцикл. Извршен е увид од страна на...

Бегство во иднината

Емиграцијата на младите луѓе не претставува проблем само за општеството во Црна Гора, туку и за други места во регионот. Има многу студенти од други балкански земји со слична приказна. Кристијан...

Во Скопје одбележан роденденот на Горан Стефановски, легендарен деец на современата македонска култура

Во срцето на скопското Дебар Маало денес беше одбележан 27 април, роденденот на драматургот и јавен интелектуалец Горан Стефановски (1952-2018), чии драми и стихови имаат култен статус во современата...