Михаел Рот: Нема да ја подобриме Европа со прекршување на нашиот збор

-

Западен Балкан останува проба на издржливост за трајниот успех на мирот на европскиот модел. Нема да ја подобриме Европа со прекршување на нашиот збор, вели германскиот државен министер за Европа и заменик министер за надворешни работи, Михаел Рот во својата колумна објавена во германскиот весник „Ди Велт“.

„Да, мораме да ја реформираме Европската Унија (ЕУ)! Но, задоцнетото продлабочување на ЕУ не е спротивно на нејзиното проширување. Поголема ЕУ, која истовремено е поспособна за делување, посуверена и подемократска, може да создаде повеќе сигурност за нејзините граѓани. Затоа и претседателот на ЕУ-Комисијата во заминување Јункер е потполно во право: „историска грешка“ е што шефовите на државите и на владите на ЕУ на 18 октомври одбија да дадат зелено светло за предвиденото започнување на пристапните преговори со Албанија и Северна Македонија. Неуспехот е поради потребната едногласност“, пишува Рот.

Германскиот државен министер за Европа вели дека приоритетна цел на ЕУ мора да биде да се направи сѐ на Западен Балкан за мир, помирување и демократија. Во спротивно, вели тој, ќе им го препушти регионот на Русија, Кина или Турција.

„Бидејќи регионот не е „заден двор“ на европската куќа. Тој е „внатрешниот“ двор! Стабилизација и поврзувањето на регионот е во непосреден европски и германски интерес. Ако ЕУ му сврти грб на Западен Балкан, таа полето го препушта на други актери како Русија, Кина или Турција. И нивниот примарен интерес сигурно не е засилување на демократијата и владеење на правото. Позитивната одлука би го испратила потребниот сигнал: ЕУ е сериозна во нејзината одговорност за цела Европа и пристапната перспектива за Западен Балкан. И би оддала признание дека Албанија и Северна Македонија дале одличен резултат и консеквентно ги спровеле реформите. Во двете земји, граѓаните и владите секогаш одново докажуваа дека се подготвени да направат болни компромиси за да се приближат до ЕУ“, вели Рот.

Тој појаснува дека одложувањето на давањето датум за Северна Македонија и Албанија во неколку наврати го урива кредибилитетот на ЕУ и го распламтува национализмот.

„Повеќекратното одложување многу ѝ штети на веродостојноста на ЕУ. Во регионот тоа ги засилува оние сили, кои немаат интерес за реформи и напредок. Претседателот на Владата на Северна Македонија Заев веќе го најави своето повлекување како и нови избори во април. Се заканува враќање на национализмот и појавување на старите рани и етнички конфликти.

Тоа што започнувањето на пристапните преговори на ЕУ со Албанија и Северна Македонија неодамна доживеа неуспех поради отпорот на поединци, е горчлив пораз.  Но, сега би било погрешно, да замижеме пред реалноста. Напролет, 2020 година, темата треба повторно да се најде на агендата на шефовите на државите и на владите на ЕУ. Тогаш мора дефинитивно да дадеме до знаење дека се држиме до пристапната перспектива. Понатамошни одолговлекувања би биле неодговорни“, вели германскиот државен министер за Европа и заменик-министер за надворешни работи.

Изработен документ со насоки за заштита на демократијата од информациски закани

Информациските закани и манипулациите со информации се проблем кој влијае врз целото општество и треба да се реши со сеопфатен пристап на целото оштество, а тоа значи - политичка волја, усогласеност...

Некој должи многу, некој штеди повеќе – кредитите и депозитите пораснале за 12 отсто

Во април 2025 година, вкупните депозити на граѓаните (домаќинствата) достигнале 408.621 милиони денари, што претставува годишен раст од 12 отсто, соопшти Народната банка (НБРСМ). Овој пораст, како што велат од банјата,...

Ленче Ристоска бара јавно извинување од Латас за клевети

Обвинителката Ленче Ристоска утрово на нејзиниот Фејсбук профил објави дека поради нејзината апликација за кандидат за судија во Европскиот суд за човекови права, станала мета на неосновани напади и клеветнички изјави. „Денес...

Хорор игрите „Dead Island 2“ и „Happy Game“ бесплатни на платформата Epic Games до четврток

Oваа недела Epic Games нудат две бесплатни хорор игри на промоција да се превземат до четврток. Се работи за игрите  „Dead Island 2“ и „Happy Game“. Двете игри се со експлицитни...

Изработен документ со насоки за заштита на демократијата од информациски закани

Информациските закани и манипулациите со информации се проблем кој влијае врз целото општество и треба да се реши со сеопфатен пристап на целото оштество, а тоа значи - политичка...