fbpx

Мигрантите стандардизирано да се регистрираат и да се филтрираат

-

Утврдување стандардизирана регистрација на мигрантите, со биометриски податоци и со точно утврдени критериуми што тие треба да ги исполнат за да можат да транзитираат низ земјите од т.н. западно-балканска рута до државите од Европската унија во кои имаат намера да бараат азил.

Ова била темата на состанокот на директорите на полициите на Македонија, Австрија, Хрватска, Словенија и на Србија, кој се одржа денеска во Министерството за внатрешни работи, а на кој домаќин беше директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ), Горанче Савовски.

– Во овој момент е потребна исклучително добра координација меѓу полициите на земјите на западно-балканската рута во управувањето со миграциските текови и во спречување на криумчарењето мигранти. На денешниот работен состанок покрај директорите на полициите на петте земји, учествуваа и шефовите на граничните полиции. Соработката меѓу полициите во справувањето со мигрантската криза е на високо ниво, а беше разговарано и за најзино понатамошно продлабочување. За тоа неопходно е да се согласиме за стандардите за регистрациските методи и постапки. Тоа вклучува подготовка на стандардни документи, кои треба да се издаваат од сите засегнати страни, внесување на личните податоци добиени преку регистрацијата во националната база на податоци и размената на тие податоци со сите засегнати страни – изјави Савовски по состанокот.

Унифицираниот документ треба да биде услогласен наскоро, а критериумите, како што беше соопштено, треба да ги одредат земјите каде мигрантите бараат азил, а Австрија е прва на таа рута.

Заменик-директорот на австриската полиција изјави дека одлуката што минатата недела ја донела владата на неговата земја за редуцирање на бројот на лица на кои ќе им биде дозволен азил ја наложува потребата од намалување на приливот на мигранти.

– Ние сме втора земја во Европа по бројот на одобрени барања за азил на 1.000 жители, веднаш по Шведска. Нашата влада минатата недела одлучи да го намали бројот на 37.500 мигранти на кои ќе им биде дозволен азил. Мораме заедно да работиме да го намалиме приливот на луѓе што имаат мали или никакви шанси за добивање азил. Тоа можеме да го постигнеме со овој стандардизиран документ со биометриски податоци. Беше крајно време да ги утврдиме тие стандарди како да ги регистрираме мигрантите, податоците што се потребни и нивна размена – рече заменик-директорот на австриската полиција, генерал Франц Ланг.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Гранатирани инфраструктурни објекти во Запорожје и Одеса

Руски проектили погодија индустриска инфраструктура во градот Запорожје, информира Регионалната воена управа на Запорожје, пренесува Укринформ. Утрово, руската армија лансираше балистичка ракета од привремено окупираниот Крим и врз инфраструктурен...