fbpx

Мигранти од Србија и од Африка прават најмногу кривични дела во Германија

-

Во Германија мигрантите во првиот квартал на оваа година направиле или се обиделе да направат околу 69.000 кривични дела. Ова се наведува во извештајот на германската канцеларија на федералната криминалистичка полиција.

Агенцијата наведува дека овој извештај на федералната полиција може да ја засили вознемиреноста, особено во анти-имигрантските групи во врска со либералната мигрантска политика на германската канцеларка Ангела Меркел.

Според агенцијата, во Германија минатата година забележан е рекорден прилив од повеќе од еден милион мигранти и дека е раширена загриженоста околу тоа како најголемата економија во Европа ќе успее да ги интегрира и да осигури безбедност.

Според извештајот, мигрантите од Африка, Грузија и од Србија диспропорционално се застапени помеѓу осомничените.

Апсолутните бројки на кривични дела што ги сториле Сиријци, Авганистанци и Ирачани – трите најголеми групи на азилатни во Германија – се високи, но имајќи ја предвид пропорцијата во однос на бројот на мигранти, нивното учество во кривичните дела е ниско.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За еден ден, две жени од Скопје нападнати од своите партнери

Два случаја во кои жени од Скопје се нападнати од своите партнери се регистрирани во полицискиот билтен во текот на вчерашниот ден. Околу 18 часот и 30 минути вчера, во...