Мигрант загина кај Идомени, продолжува тензијата на границата

-

Еден мигрант загинал од струен удар, а двајца биле повредени во судир на мигранти и на бегалци на грчко-македонската граница, каде изминативе денови состојбата е тензична откако земјите од т.н. западно-балканска рута, меѓу кои и Македонија, ги затворија границите за економските мигранти и пропуштаат само бегалци од кризните жаришта, односно Сирија, Ирак и Авганистан, јавува балканскиот сервис на „Радио слободна европа“.

Информацијата за настраданиот мигрант ја пренесоа и грчките медиуми. Според весникот „Катимерини“, инцидентот се случил кај Идомени, од грчката страна на границата.

Според првичните информации што ги соопштил портпаролот на грчката полиција, загинатиот мигрант е 22-годишен државјанин на Мароко, кој настрадал откако се качил на вагон, паркиран под водовите со висок напон, близу границата.

Како што јавува балканскиот сервис на „Радио слободна европа“, група мигранти го спуштиле неговото тело на земја и го покриле со чаршаф, а потоа група Мароканци со телото тргнале кон границата каде биле запрени од грчката полиција со солзавец.

Во меѓувреме, службеници на грчката полиција ги информирале мигрантите дека имаат рок од три дена да ја напуштат околината на Идомени.

Според информациите на „Катимерини“, кај Идомени во моментов се наоѓаат околу 6.000 бегалци и економски мигранти.

На границата, според весникот, веќе пристигнал воз и два-три автобуси за да ги транспортираат мигрантите до Атина и до Солун, но како што пишува „Катимерини“, тешко дека некои од нив ќе сакаат да заминат назад.

АНАЛИЗА: Колкави се трошоците за студентите за зимскиот семестар на шесте државни универзитети?

Студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Скопје од оваа академска година се соочуваат со зголемени дополнителни давачки покрај партиципацијата, односно школарината за студирање. Па така, од...