Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христјан Мицкоски, во ТВ интервју се послужи со манипулативна техника која потпаѓа во категоријата спин, со цел да влијае врз јавноста за односот на неговата партија и неговата идна претпоставена извршна и законодавна власт за многу чувствително прашање – бегството на екс премиерот и сè уште почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, пишува „Вистиномер.мк“.

На директно прашање „дали ако дојдат на власт со фанфари ќе го пречекаат Груевски од Будимпешта,“ Мицкоски тврди дека „со фанфари ќе објават кој му помогнал да избега“. После првичниот силен впечаток дека тој ја уценува јавноста во смисла – „гласајте за нас за да ви кажеме кој му помогнал да избега“ – Мицкоски малку ретерира, па се навраќа во сферата на правната држава, дообјаснувајќи се дека (идната влада на ВМРО-ДПМНЕ), ќе отвори истрага и ќе го разјаснат тоа чувствително прашање, при што ќе ја информираат јавноста „за појавноста кој му помогна“ на Груевски да избега.

Целата анализа можете да ја прочитате на овој линк.