fbpx

Мицкоси побара истрага за Јанева и другите обвинители на СЈО, а партијата ќе предложи нов закон за ЈО

-

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христија Мицксоки најави дека ќе изработат сопствено законско решение за јавното обвинителство кое, како што рече, ќе се темели на вистинските темели и бескомпромисна битка против криминалот и корупцијата.

Тој денеска побара детална истрага за специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и за нејзината релација со двајцата обвинети во случајот „Рекет“, но и детална истрага за директна или индиректна поврзаност на останатите обвинители на СЈО.

„ Дури потоа откако ќе се констатира дали биле или не биле дел од овој срамен процес наречен „Рекет“ тие и како сите останати обвинители во државата ќе имаат можност да конкурираат на однапред објавен конкурс и да бидат дел доколку ги исполнат условите за новото обвинителство за гонење на организиран криминал и висока корупција“, рече Мицкоски.

Осврнувајќи се на Законот за јавно обвинителство, Мицкоски рече дека со предлогот на СДСМ, специјалната јавна обвинителка Катица Јанева треба да биде унапредена во републички јавен обвинител, а останатите обвинители од Специјалното јавно обвинителство да бидат преземени од новото обвинителство за организиран криминал и висока корупција што треба да се формира.

„Според предлогот на СДСМ, Специјалниот јавен обвинител Катица Јанева треба да биде унапреден во Републички јавен обвинител имајќи предвид дека Катица Јанева во СЈО дојде од Основно обвинителство што значи дека треба да биде унапредена во две скали, а останатите обвинители кои што дојдоа од други обвинителства треба со закон, повторувам со закон каков што нема во ниту еден случај во Светот да бидат превземени од новото обвинителство за гонење на криминал и висока корупција. Тоа е грубо кршење на законот се уште повторувам важечкиот закон за СЈО кој што предвидува по престанот на мандатот сите обвинители кои што се дел од СЈО треба да се вратат во матичните обвинителства“, додаде Мицкоски.

Наместо фузија на СЈО и ЈО, Мицкоски истакна дека предлогот кој што ВМРО-ДПМНЕ го предложил е формирање на посебно одделение во рамките на обвинителството за организиран криминал и корупција кое што ќе се нарекува одделение за гонење на организиран криминал и висока корупција.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...