Не се размислува за зголемување на цената на струјата, туку како таа да се намали или пак, како да се зголеми траењето на евтината тарифа, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, како коментар на актуелната енергетска криза која ја погодува Европа заради намалувањето на хидропотенцијалот на најголемите реки и акумулации.

Мицкоски уверува дека земјата е енергетски безбедна и нема да повикува на внимателност и штедење бидејќи акумулациите се околу 70 отсто полни а имаме и 500 гигават часови акумулирана енергија, што е доволно за снабдувањето на граѓаните и индустријата. Тој ги спомна и инвестициите во енергетиката, особено ветерниот парк на Алказар во Штип, Карбинци и Радовиш, како најголема приватна инвестиција.

„Се чувствуваме безбедни и комотни во моментот, но правиме план и за следните десет години. Се сочивме со големи предизвици поради војната во Иран и затворањето на Ормускиот теснец, историски најголема енергетска криза која предизвика паника во многу делови, но земјата имаше доволно резерви, не го ограничи ниту извозот, бевме во можност и да помогнеме на соседните земји и ја одржавме ценовната стабилност. Сега се случува уште еден предизвик, во кој Дунав е на најниско ниво во последни 100 години, што влијае на работата на нуклеарните централи на Унгарија, Чешка и хидропотенцијалот во Србија, со што се и врши притисок врз цените на електричната енергија, што кај нас не е случај“, вели Мицкоски.