Мицкоски во Вашингтон имал важни средби за македонските интереси

Како што понатаму се наведува во соопштението, Мицкоски се сретнал и со контроверзниот Такер Карлсон кој имаше интервју со претседателот на Руската Федерација Владимир Путин

-

Владата преку соопштение се пофали дека премиерот Христијан Мицкоски за време на инагурацијата на новоизбраниот претседател на САД Донланд Трамп, имал „важни средби со истакнати личности од од американскиот политички, општествен и економски живот“.

Така, тој повторно се сретнал со Девин Нунес, претседавач со советодавното тело за разузнавање на претседателот Доналд Трамп и извршен директор на Трамповата медиумската корпорација.

Исто така, како што се пофалија од Владата, Мицкоски се сретнал и со Џон Битов, американски бизнисмен со македонско потекло, потоа со Марко Галина бизнисмен и одговорен за МАГА во Португалија и Крис Павловски, сопственик на „Рамбл“ групацијата.

На средбите наводно се разговоарало за конкретни проекти од областа на економијата, можностите за инвестирање и продлабочена соработка помеѓу двете држави.

Како што понатаму се наведува во соопштението, Мицкоски се сретнал и со контроверзниот Такер Карлсон кој имаше интервју со претседателот на Руската Федерација Владимир Путин, како и со водителката Мегин Кели, која по заминувањето од Фокс Њуз беше меѓу жените кои јавно го обвинија тогашниот директор на телевизијата Роџер Ејлс за сексуално злоставување.

Слично како и пред и по изборите во мај минатата година, Мицкоски по трет пат се сретнал и со Ричард Гренел, новиот претседателски пратеник за специјални мисии и политика, а поранешен специјалениот претставник на САД за дијалогот меѓу Косово и Србија за време на првиот мандат на Трамп.

„Разговаравме за актуелните случувања, за предизвиците со кои се соочуваме како држава и нашето остварување на стратешките интереси врзани со членството во Европската Унија. Воедно побарав поголемо ангажирање од нашите стратешки партнери на тој план, како и искористување на потенцијалите на економски план. Се бориме за секој интерес на државата“, рекол Мицкоски.

Театарската претстава за млади „Чудо“, ќе биде изведена во понеделник во „Јадро“

Новата театарска претстава за млади „Чудо“, со текст и режија на Хана Миленковска, како и младата актерската екипа: Мартина Даниловска, Наум Ѓорѓиески, Ангела Пејковска, Димитар Паскоски и оригинална музика на Ади...

Бројот на ковид случаи во јануари е за 3,3 пати поголем во споредба со декември

Во текот на 2025 година, а заклучно со 2 февруари, регистрирани се вкупно 20 заболени лица од ковид-19. Бројот на заболени лица во месец јануари е за 3,3 пати поголем во...

ССМ: Само Владата може да влијае на трговците да ги намалат цените

Нови повици за бојкот на маркетите се споделуваат деновиве на социјалните мрежи, откако минатата недела за прв пат се случи бојкот поради високите цени. Граѓаните се повикуваат да се воздржат од...

Истрага за три лица кои се обиделе од двајца сопружници да изнудат 10.000 долари

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица на возраст од 26 и 24 години, осомничени за кривично дело – Изнуда од член...

Театарската претстава за млади „Чудо“, ќе биде изведена во понеделник во „Јадро“

Новата театарска претстава за млади „Чудо“, со текст и режија на Хана Миленковска, како и младата актерската екипа: Мартина Даниловска, Наум Ѓорѓиески, Ангела Пејковска, Димитар Паскоски и оригинална музика...