Мицкоски смета дека трагедијата во Кочани се злоупотребува бидејќи граѓанско движење прераснува во политичко

Премиерот ги обвини опозициските партии за „некрофилија“, а младите ги повика да не ја напуштаат земјата туку да ја градат нејзината иднина

-

Премиерот Христијан Мицкоски синоќа на настан во Велес по повод 35-годишнината од основањето на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ изрази критика кон начинот на кој, според него, опозицијата реагира на трагедијата во импровизираната дискотека „Пулс“ во Кочани во која загинаа 62 претежно млади лица.

„Таму гледаме полека како едно граѓанско движење за поддршка на Кочани полека преминува во политичко движење, каде од поддршка на ужасните жртви од ужасниот хорор во Кочани, говорат за катни гаражи, водоводи, канализации, исполнети неисполнети ветувања и се така по ред во духот на локалните избори“, рече Мицкоски.

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Тој го нарече овој пристап „некрофилија“ и направи паралела со други случаи од поновата историја, како смртта на Тамара Димовска, Мартин Нешкоски и жртвите од Смилковското езеро.

„Да не дозволиме овие некрофили, кои повторно на човечката судбина манипулираат и се обидуваат да се вратат на власт“, рече Мицкоски пред младите симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој рече дека заедно со канцеларијата на Европската Унија интензивно работи на проект „од историско значење“ за Кочани.

„Со тоа што историски, епски, драматично ќе го видоизмениме изгледот на подобро, на градот Кочани“, рече Мицкоски најавувајќи детали наскоро.

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Во останатиот дел од говорот, премиерот се обрати директно до младите, повикувајќи ги да останат во земјата и да се вклучат во изградбата на систем заснован на ред, одговорност и перспектива.

Тој им порача на младите да останат и да се борат, да не заминуваат.

„Македонија има потреба од вашиот ум, од вашата креативност, од вашиот немир што го менува светот. Јас подавам рака на младите и го немаме повеќе луксузот да не успееме. Вашата генерација мора да успее. Ова е последната шанса за успех“, рече премиерот.

Вртоглавица, замор и повраќање се симптоми на топлотен удар, ИЈЗ со препораки за работниците

Поради најава од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за очекувани повисоки максимални дневни температури од 24 до 27 јуни, Институтот за јавно здравје повикува на почитување на мерките на заштита на...

Го удирале со клоци и тупаници, а потоа со камен го удриле по главата – Истрага за насилство во Батинци

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица – татко и син, осомничени за кривично дело Насилство од член 386 став 6 во врска со став...

Ученици со просек 5,00 денеска полагаа квалификациско тестирање во „Георги Димитров“ и во „Д-р Панче Караѓозов“

Ученици со просек 5,00 кои се пријавиле за упис во училиштата „Георги Димитров“ (гимназиско образование), „Д-р Панче Караѓозов“ (медицинска сестра и забен техничар на албански наставен јазик), како и во училиштето...

Врховниот лидер на Иран бара поголема помош од Русија која ќе ја искористи против САД

Врховниот лидер на Иран го испрати својот министер за надворешни работи во Москва за да побара од претседателот Владимир Путин поголема помош од Русија по најголемата воена акција на САД против...

Вртоглавица, замор и повраќање се симптоми на топлотен удар, ИЈЗ со препораки за работниците

Поради најава од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за очекувани повисоки максимални дневни температури од 24 до 27 јуни, Институтот за јавно здравје повикува на почитување на мерките на...