Премиерот Христијан Мицкоски денеска потврди дека неговиот помлад син бил дел од децата кои се затруени во училиштето „Димо Хаџи Димов“, но демантираше дека тој бил хоспитализиран во тешка состојба. Рече дека детето три дена примало инфузија и дека очекува од понеделник да се врати на училиште.
„Имаше некои медиуми кои пренесоа дека е во тешка состојба, дека бил хоспитализиран. Сакам да демантирам. Беше во состојба во која што беа сите други дечиња. Инаку да, беше и тој жртва на тоа труење, три дена примаше инфузија, не одеше во училиште“, рече Мицкоски.
Тој рече дека неговиот син е храбро, пргаво и динамично момче кое сака да се дружи и кое посетува целодневна настава и руча заедно со своите врсници во училишната кујна.
