Мицкоски очекува Европскиот парламент едногласно да го потврди македонскиот идентитет и јазик

Премиерот ги повика сите политички партии да влијаат врз своите европски партнери и да обезбедат поддршка за извештајот во кој се нагласува посебноста на македонскиот идентитет и јазик. Расправата во Европскиот парламент е закажана за 4 јуни, а гласањето се очекува во јули

-

Премиерот Христијан Мицкоски ги нарече Анти-НАТО и Анти-ЕУ сите оние коишто нема да гласаат за Извештајот во Европскиот Парламент следната недела во кој ќе се потврди посебноста на македонскиот идентитет и јазик.

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција при одговор на новинарско прашање рече дека очекува европратениците едногласно да го усвојат овој извештај во којшто, како што рече, на неколку наврати се споменуа многувековниот посебен македонски идентитет и јазик.

„Бидејќи често пати е повторувано дека тоа не е проблем, често пати е повторувано дека тоа во суштина не е пречка за никого, очекувам евро-пратниците едногласно да го усвојат овој извештај во кој што се потврдува посебниот многувековен македонски идентитет и посебниот македонски јазик кој што е дел од официјалните јазици на ОН и меѓународно признаен или кодифициран 1977 година иако претходно е неговата кодификација завршена уште во 1945 година во рамки на ОН. Оваа година славевме нели 80 години од неговото кодифицирање“, рече Мицкоски.

Премиерот додаде дека од истокот повторно стигнувале поинакви коментари, но како што рече ќе почека да види како целата оваа работа ќе заврши. Тој ги повика сите политички чинители во земјата да почнат од денес да им вртат на своите сестрински партии коишто имаат европратеници и да ги поттикнат да гласаат за извештајот.

„Знам дека СДСМ е дел од едно такво семејство, ги повикувам уште денес да почнат и да вртат до своите сестрински партии. Истото е јас колку што знам и за ЛДП. Ние денес како политичка партија ќе имаме извршен комитет, и таму ќе подготвиме стратегија како ВРМО-ДПМНЕ, на самото место ќе испратиме луѓе во Брисел за да продолжат да разговараат со европратениците и потребата на носењето на оваа резолуција“.

Како што најави македонскиот премиер, расправата во Европскиот парламент за овој извештај ќе се одржи на 4 јуни, а јули треба да се случи гласањето.

Не е точно дека дискотеката „Пулс“ во Кочани била намерно запалена со дрон

Објавата споделува фотографија од дрон, која доколку ја пребарате на Гугл ќе видите дека прикажува дрон што го дизајнирале Кинезите пред пет години за гаснење на пожари, а не за палење...

Во малата депонија во Охис има жива и повеќе линдан од очекуваното, чистењето ќе чини до 20 милиони евра

Во малата депонија во Охис има 50 отсто повеќе линдан од првичните пресметки, покажуваат анализите на холандската компанија ТАУ што завршија во мај годинава. Во неа има и 70 тони жива,...

Кинескиот кредит за автопатот Кичево – Охрид ќе расте, рокот ќе се продолжи

За автопатот Кичево – Охрид ќе бидат потребни дополнителни средства, но по сѐ изгледа и неколку месеци повеќе до целосното пуштање во употреба. Ова денес го соопшти премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи...

Прилепчанецот што уби татко и син легално поседувал оружје и претходно пукал во кафеана

Прилепчанецот Петар Ѓ. (62), кој завчера ги уби својот внук од сестра и неговиот малолетен син, а потоа се самоуби по вооружен судир со полицијата, и во минатото бил пријавен за...

Не е точно дека дискотеката „Пулс“ во Кочани била намерно запалена со дрон

Објавата споделува фотографија од дрон, која доколку ја пребарате на Гугл ќе видите дека прикажува дрон што го дизајнирале Кинезите пред пет години за гаснење на пожари, а не...