Мицкоски: Нема да мрднам ниту милиметар додека не видам Македонци во бугарскиот Комитет за малцинства

Премиерот ги повика опозициските партии заеднички да лобираат кај европратениците за извештајот на специјалниот известувач на ЕУ, кој првпат признава посебен македонски идентитет и јазик. Иако вчера очекуваше едногласно гласање, денеска рече дека се гласа со мнозинство и побара политички ангажман.

-

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања изјави дека нема да направи „ни милиметар“ поместување околу уставните измени сè додека во бугарскиот Комитет за малцинства не биде вклучен и Македонец.

„Во Бугарија има Комитет во кој членуваат претставници на малцинствата Роми, Турци и Ерменци, а зарем ние Македонците кои имаме 14 пресуди во Судот за човекови права во Стразбур, не заслуживме место во тој комитет, а тие заслужија место во нашата Преамбула. Додека не видам таму Македонец кој е дел од тој комитет, а за тоа треба сите да работиме, нема ни милиметар да мрднам додека сум премиер на оваа влада“, изјави Мицкоски.

Тој повторно нагласи дека предизвикот со уставните измени односно вклучувањето на Бугарите во Преамбулата на Уставот бил резултат на прифаќањето на Францускиот предлог од страна на претходната влада. Сегашната, рече, е во позиција да создава стратегија како да се продолжи евроинтегративниот процес, без нови барања.

„Како влада кога го имате ова пред вас, седнувате и правите стратегија. Ако гледате државнички и пошироко, тогаш ќе речете што добиваат граѓаните и државата, имајќи предвид дека министерот за надворешни работи на нашиот источен сосед кажа дека ова е само почеток, а не е крај на барањата“, истакна премиерот.

Осврнувајќи се на извештајот на специјалниот известувач на ЕУ за Северна Македонија, кој на 4 јуни ќе биде предмет на расправа во Европскиот парламент, Мицкоски посочи дека се работи за историски значаен документ.

„Во овој извештај стои дека имаме посебен македонски идентитет различен од нивниот, не после 1945 туку векови претходно и македонски јазик, и ако не е тоа проблем, еве европските пратеници имаат прилика и таму се гласа со мнозинство, не едногласно и затоа барам од опозицијата кои се дел од одредени политички семејства кои имаат европратеници да лобираат во насока да се прифати“, рече Мицкоски.

Оваа изјава доаѓа само еден ден по неговата прес-конференција, на која, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека очекува Европскиот парламент едногласно да го изгласа извештајот. Денеска, пак, ја ревидираше таа позиција, истакнувајќи дека гласањето е со мнозинство и повика на активна вклученост на опозицијата.

Мицкоски потенцираше дека извештајот не говори за територијална дефиниција на идентитетот, туку за национална припадност која го надминува концептот на државни граници, со што, според него, се потврдува дека „Македонци има насекаде во светот“.

Дополнително, премиерот информираше дека прв тест ќе биде документот за малцински права подготвен од Министерството за надворешни работи, кој треба да биде усвоен од земјите-членки. „Ќе видиме како ќе реагира нашиот источен сосед Бугарија“, додаде тој.

Мицкоски очекува Европскиот парламент едногласно да го потврди македонскиот идентитет и јазик

Предистрага поради сомненија за загадување на животната средина со отпадни материи по пожарот во Визбегово

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје издаде повеќе наредби за испитување на последиците од пожарот што се случи на 9 јули во отпад во Визбегово, а во предистражната постапка се...

Термини за лична карта, возачка дозвола и пасош повторно може да се закажуваат онлајн

Министерството за дигитална трансформација информира дека електронската апликација за закажување термин за издавање лични документи повторно е достапна преку порталот за е-услуги uslugi.gov.mk. „На барање на многу граѓани и поттикнати од медиумите,...

Лишен од слобода возач во Кавадарци, возел под дејство на алкохол и спречувал полициски службеник при преземање службени дејства

На 11.07.2025 во 23.50 часот, на улица „7-ми Септември“ во Кавадарци, полициски службеници го лишија од слобода Г.Т.(49) од Кавадарци. При сообраќајна контрола, сопрено е патничко возило „мерцедес“ со кавадаречки регистарски ознаки, што го...

ЦУК: Во изминатото деноноќие регистрирани 38 пожари на отворено, три сè уште активни

Центарот за управување со кризи информира дека во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата се евидентирани вкупно 38 пожари на отворен простор. Од нив, три се сè уште активни,...

Предистрага поради сомненија за загадување на животната средина со отпадни материи по пожарот во Визбегово

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје издаде повеќе наредби за испитување на последиците од пожарот што се случи на 9 јули во отпад во Визбегово, а во предистражната...