Мицкоски не очекува прелевање од Србија, но подготвен е да помогне ако некој побара помош

„Нашата домашна задача е наша домашна задача, а домашната задача на другите земји си е нивна домашна задача. Доколку некој побара помош од нас, советодавна или било каква, тука сме, во рамките на законите и Уставот на Македонија да овозможиме такво нешто“, рече Мицкоски

-

Нашата домашна задача е наша домашна задача, а домашната задача на другите земји си е нивна домашна задача, рече премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во врска со големиот протест во Србија. Како што додаде тој, „ако некој побара помош од нас, советодавна или било каква, тука сме, во рамките на Уставот на Македонија да овозможиме такво нешто“.

Мицкоски посочи дека владата ја следи ситуацијата во Србија и тоа е нормално, односно како што рече „неодговорно би било да не ја следиме состојбата со нашите соседи, и врз основа на тоа сме подготвени за предизвиците доколку постојат такви“.

Македонскиот премиер исто така рече дека владата има разработено сценарија како би реагирала во различни случаи, но како што реча не очекува прелевање. Според него, нашата политика е јасна, ниту сакаме да ни се мешаат во нашите внатрешни работи, ниту пак, ние ќе се мешаме во внатрешните работи на која било друга земја.

„Нашата домашна задача е наша домашна задача, а домашната задача на другите земји си е нивна домашна задача. Доколку некој побара помош од нас, советодавна или било каква, тука сме, во рамките на законите и Уставот на Македонија да овозможиме такво нешто“, рече Мицкоски. Ако не, како што рече, „повторно ќе си ја гледаме нашата задача затоа што имаме ние работи кои што дома треба да си ги решаваме и ниту имаме амбиција ниту пледираме ниту сакаме да бидеме дел од внатрешните работи на било која една земја во светот“.

Во Белград денеска се одржува голем протест под водство и организација на српските студенти кои сношти пристигнаа во главниот град на Србија одејќи пешки и со велосипеди од повеќе градови низ целата земја.

Улиците на Белград се преполни со луѓе, поддршката на студентите од останатите граѓани на Србија е огромна, и се очекува за половина час да започне најмасовниот протест во историјата на северниот сосед.

Во Скопје одбележан роденденот на Горан Стефановски, легендарен деец на современата македонска култура

Во срцето на скопското Дебар Маало денес беше одбележан 27 април, роденденот на драматургот и јавен интелектуалец Горан Стефановски (1952-2018), чии драми и стихови имаат култен статус во современата македонска култура. Прославата...

Родители на загинатите млади во Кочани бараат одговорност и обвинуваат за притисоци

Родители на загинатите млади во трагичниот настан во Кочани вчера на протестен собир побараа одговорност од институциите и обвинија дека се соочуваат со притисоци и закани за апсење. На протестот, една од...

Во судар на мотор и електричен тротинет загина 16-годишно момче

Денеслк во раните утрински часови, во близина на трговскиот центар „Чаирчанка“ во Скопје, се случи трагична сообраќајна несреќа во која загина 16-годишен возач на мотоцикл. Извршен е увид од страна на...

Бегство во иднината

Емиграцијата на младите луѓе не претставува проблем само за општеството во Црна Гора, туку и за други места во регионот. Има многу студенти од други балкански земји со слична приказна. Кристијан...

Во Скопје одбележан роденденот на Горан Стефановски, легендарен деец на современата македонска култура

Во срцето на скопското Дебар Маало денес беше одбележан 27 април, роденденот на драматургот и јавен интелектуалец Горан Стефановски (1952-2018), чии драми и стихови имаат култен статус во современата...