fbpx

Мицкоски: Македонија мора да се менува, а промените започнаа од вечерва

-

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва прогласи победа во дваесеттина општини на вториот круг од локалните избори што се одржаа денеска.

На прес-конференцијата, тој им ги честиташе победите на своите кандидати за градоначалници во Битола, Брвеница, Василево, Вевчани, Гевгелија, Демир Хисар, Зелениково, Конче, Кочани, Кратово, Лозово, Македонска Каменица, Македонски Брод, Охрид, Пехчево, Радовиш, Ранковце, Ресен, Чешиново-Облешево и Скопје.

„Македонијо, од вечерва започнуваш да го живееш нашиот голем сон за нова иднина и надеж за секој еден човек. Многумина се сомневаа дека успехот е можен, но надежта победи. Македонија мора да се менува, а промените започнаа од вечерва“, рече Мицкоски.

Мицкоски им се заблагодари на политичките партии Алтернатива, Алијанса за Албанците и Левица, затоа што ги поддржале кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ.

Упати благодарност и до коалицијата на ЛДП и ДОМ, како што рече „затоа што одлучија на најдемократски начин да остават на граѓаните да одлучат по сопствена волја“.

„Докажавме дека еден широк опозициски фронт е возможен и поставивме основи за идна соработка и идна владина коалиција врз база на принципи и вредности на спојување и меѓусебна почит и разбирање“, истакна Мицкоски.

Мицкоски на идните градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ им порача дека не смеат да го разочараат народот.

„Заборавете на привилегиите кои ги носи функцијата, засукајте ги ракавите и од утре на работа“, порача Мицкоски.

Мицкоски рече дека денешната победа е пораз на сите политики на власта и најави дека очекува предвремени парламентарни избори.

„Власта е делигитимирана и тоа е од вечерва, тоа е новата реалност која очекувам со тек на времето да се манифестира и во парламентот и најдобро би било тоа да биде како предвремени избори“, рече Мицкоски.

Тој на својот политички противник, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, му порача да ја разбере пораката на народот дека е доста и дека треба да замине.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...